Индија не е вознемирена од укинувањето на трговските преференции од САД

59
ФОТО: EPA / SHAWN THEW

Индија не е вознемирена од намерата на американскиот претседател Доналд Трамп за скусување на трговските преференции, појаснувајќи дека извозот на Њу Делхи во САД ќе биде незначителен.

– Годишниот извоз на Индија во САД изнесува близу 80 милијарди долари, но обемот кој се покрив од Генерализираниот систем на преференции (ГСП) изнесува само 5,6 милијарди долари – изјави министерот за трговија Ануп Вадхаван.

Иако Индија е најголем корисник на ГСП, Вадхаван потенцира дека царинсиките преференции од ГСП изнесуваат само 190 милиони долари годишно.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека планира да стави крај на преференцијалниот трговски договор со Индија, откако не успеа да обезбеди пристап на САД до пазарите на таа земја. – Го преземам овој чекор бидејќи Индија не ги увери САД дека ќе обезбеди фер и разумен пристап до пазарите во Индија”, додаде тој.

Во меѓувреме, Канцеларијата на американскиот трговски претставник издаде соопштение во кое се вели дека Вашингтон има намера да го прекине статусот на повластен трговски статус на Турција.

ФОТО: EPA / SHAWN THEW

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...