Фејсбук со години собирал телефонски броеви и други податоци од андроидите

406
ФОТО: EPA/MAURITZ ANTIN

Откако социјалната мрежа Фејсбук вчера објави извинување во американските и британските весници поради скандалот со британската консултантска фирма „Кембриџ Аналитика“, веб страницата „Арс Техника“ информира дека корисниците проверувале кои податоци се преземаат за нив од страна на Фејсбук и утврдиле дека имињата на контакти, телефонски броеви и СМС пораки биле собирани во текот на две или повеќе години од уредите со Андроид.

Фејсбук изјави дека информациите се чуваат на безбедни сервери и оти податоците се земани со знаење на корисниците, кои се согласиле да се пристапи до нивните податоци.

Портпаролката на Фејсбук изјави дека информациите не се споделуваат со пријатели или со надворешни апликации и се користат со цел да се подобри комуникацијата на луѓето на Фејсбук.

Социјалната мрежа соопшти дека никогаш не ги продава информациите и не ја чува содржината на СМС пораките или разговорите.

Но, портпаролката не одговори на прашањето зошто е потребно да се собираат податоци за телефонски контакти и СМС пораки.

ФОТО: EPA/MAURITZ ANTIN

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...