Чистач нашол 300.000 фунти во автобус и ги предал на полицијата

Многу ретко во автобусите наоѓаат пари, а секојдневно има секакви отпадоци, пелени, долна облека и многу предмети од кои им се гади и на чистачите.

121

Неверојатно чесен чистач, кој во автобус во Лондон нашол 300 000 фунти додека го чистел, веднаш ги предал парите во полиција.

Чистачот, кој работи во компанија за чистење на автобусите во Лондон , ги нашол парите во кафеав коверт.

Полицијата не го открива неговиот идентитет , а чистачот е хит на денот на социјалните мрежи , каде го фалат , но и коментираат дека не би ги вратиле парите да се на негово место.

Шефот на компанијата за чистење Геј Пекенам вели дека многу ретко во автобусите наоѓаат пари, а секојдневно има секакви отпадоци, пелени, долна облека и многу предмети од кои им се гади и на чистачите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...