Почина Лук Пери, ѕвездата од хит-серијата „Беверли Хилс“, кој пред неколку дена беше хоспитализирање во болница во Калифорнија откако доживеа тежок мозочен удар.
„Актерот Лук Пер (52) почина денеска од мозочен удар. Со него беа неговите деца Џек и Софи, неговата свршеница Венди Медисон Бауер, неговата поранешна сопруга, неговата мајка Ен Менет, неговиот очув Стив Бенет, брат му Том Пери, сестра му Ејми Кодер и други блиски членови на семејството и пријатели. Семејството ја цени поддршката и молитвите за Лук од целиот свет и со почит бара приватност во ова време на големо жалење. Во овој момент нема да бидат објавени дополнителни детали“, се наведува во соопштението на агентот на Пери.
Претходно на 52-годишниот актер кој играше и во популарната тинејџерска серија „Ривердеил“ му беше откриен и колоректален карцином поради што комплетно го промени начинот на живот.
Пери има две деца, синот Џек (21) и ќерката Софи (18) со Рејчел Шарп, со која беше во брак од 1993 со 2003 година.