Дачиќ: Големоалбанската политика го загрозува регионот

179

Првиот потпретседател на Владата и министер за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ денеска оцени дека скандирањето на името на Ослободителната војска на Косово (ОВК) и изјавите од Приштина за сеалбанска победа, по повод изборите во црногорската општина Тузи, е најдобра потврда за големоалбанската политика.

– Веројатно на сите им е јасно дека не е загрозен само територијалниот интегритет на Србија, туку и на Црна Гора, Северна Македонија и Грција. Секое понатамошно затворање на очите пред создавањето на Голема Албанија може да доведе до загрозување на мирот и стабилноста во регионот – рече Дачиќ во изјава за Танјуг.

Приврзаниците на албанските партии во подгоричката општина Тузи, во која живеат претежно Албанци, синоќа победата на локалните избори ја прославија со извикување „УЧК“ (ОВК)  и со знамиња на Албанија, потсетува Танјуг.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...