Папата одлучи да ја отвори тајната архива на Ватикан од Втората светска војна

232
ФОТО: EPA / ETTORE FERRARI

Папата Франциско одлучи да ја отвори тајната архива на Ватикан, која се однесува на Втората светска војна, кога врховен поглавар бил Пиe Дванаесетти.

Тоа е нешто што Евреите го бараат со децении од шефот на Римокатоличката црква.

Во соопштението се наведува дека некои Евреи го обвинуваа папата Пиe Дванаесетти, кој бил папа од 1939 до 1958 година, дека тој не се залагал на сите начини против hолокаустот.

Ватикан тврди дека папата Пиe Дванаесетти работел тајно, зад кулисите, за да ги спаси Евреите.

– Архивите ќе бидат отворени на 2 март 2020 година – соопшти папата Френциско.

ФОТО: EPA / ETTORE FERRARI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...