Почина пејачот на Продиџи на 49 години

488
ФОТО: EPA / HUGO MARIE

Пејачот на Продиџи, Кит Флинт денеска почина во својот  дом во британската грофовија Есекс.

Музичарот имаше 49 години.

Брза помош пристигнала околу осум часот по дојава дека маж се онесвестил, но за жал, не можеле да му помогнат.

Се уште не е позната причината за смртта, а телото е предадено на обдукција.

Продиџи е една од најпознатите британски и светски групи од областа на електронската музика, а нивни најпознати песни беа „Firestarter“, „Breathe“ и „Smack My B*tch Up”.

ФОТО: EPA / HUGO MARIE

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...