Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев во изјава за Дојче веле најави дека неделава конечно ќе се пушти во употреба автопатот од Скопје до Штип.
– Она што требаше да се сработи со кинеската компанија „Синохидро“ е готово и заврши во декември. Во тек се работите околу правењето на пристапните патишта што се прави со пари на Јавното претпријатие за државни патишта за да може сите населени места да се приклучат на автопатот. Ова не беше дел од кредитот и проектот со „Синохидро“. Тоа воопшто не било ни размислувано како ќе се случи. Сега и тоа е речиси завршено, така што автопатот ќе го пуштиме неделава – изјави за Дојче веле Анѓушев.
Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.