Во најжешкото лето во Австралија букнаа десетици шумски пожари

Топлината, на која сме сведоци ова лето, е без преседан, изјави климатологот Линет Бетито.

35
ФОТО МИА

Околу 1.000 пожарникари се борат со десетици шумски пожари кои се надвор од контрола во јужниот дел на Австралија во екот на најжешкото лето во историјата на земјата.

Дневните жештини ги натераа термометрите да се искачат до 40 степени во текот на викендот, а принудија илјадници луѓе да ги напуштат своите домови во државата Викторија.

Минатата недела, молња предизвика пожар, кој зафати 6.000 хектари шумско земјиште.

Најмалку девет згради, вклучувајќи и куќи, се оштетени од пожарот, тврдат властите.

Австралија страда од најжежок летен период од декември до февруари, а според прогнозите, есента ќе продолжи да биде сушна и потопла од вообичаеното.

– Топлината, на која сме сведоци ова лето, е без преседан, изјави климатологот Линет Бетито.

– Претстои да се пресметаат финалните бројки, но ние знаеме дека ќе имаме рекорд за Австралија во целина, како и за многу одделни локации, рече Бетито.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...