Суперхикс в недела во МКЦ ја прослави 25-годишнина од првиот настап. Тие се вратија на корените кога во 1994 година на истиот ден започнале со настапот во Доорс во Дебар Маало.
Песните „Раде“, „Африка“, „Глупави песни“ и многу други, го размрдаа МКЦ. Нивните фанови уживаа во музиката што веќе две и пол децении ја задржува својата уникатност и позитивност. Музиката на Суперхикс ги исполнува Скопје и Македонија со ритам што ќе владее уште многу години.
Банда инструментале ја претставија новата песна „Модерна љубов“.