Крадци во Франција оставиле слика на Караваџо вредна 120 милиони евра, им се чинела безвредна

74

Крадци упаднале во куќа во Тулуз, Франција, и оставиле слика на италијанскиот сликар Микеланџело Караваџо вредна 120 милиони евра, оти им се чинела безвредна за да ја украдат.

Станува збор за слика масло на платно под наслов „Јудита ја тсекува главата на Холоферн” од пред 400 години, која долго време се сметала за изгубена. Според познавачите, вредноста на делото се проценува на повеќе од 120 милиони евра.

Сликата ги полнеше насловните страници во 2014 година, кога, работејќи на одводен проблем во домот, тулужанецот случајно ја открил на својот таван. Потоа семејството го известило за тоа локалниот колекционер Марко Лабарб, а тој пак, ја проследил веста до Ерик Туркин, познавач на делата на Караваџо.

На тој начин сликата излезе во јавност. На 9 март годинава ќе биде изложена во лондонската галерија „Колнаги”, а на 27 јуни ќе биде понудена на аукција во Тулуз.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...