Најмалку 23 луѓе загинаа во налет на торнадо во американската сојузна држава Алабама.
– Засега имаме податоци за загинати 23 лица. За жал мислам дека бројот на жртвите ќе биде поголем – изјави шерифот на округот Ли, Џеј Џоунс.
Американската метеоролошка служба го вброи торнадото во категорија ЕФ-3, што значи дека брзината на ветрот достигнала 266 километри на час.
Податоците за бројот на жртвите и причинетата материјална штета не се конечни, а спасувачката акција е во тек.
Повеќе од 4.000 семејства во Алабама останале без електрична енергија.
Breaking: Lee County Sheriff says at least 10 people dead after two large tornadoes touched down in Lee County, Alabama. pic.twitter.com/b8oukKsxjW
— PM Breaking News (@PMBreakingNews) March 3, 2019
ФОТО: EPA / STEVE C. MITCHELL