Дивна Карлеуша, српска новинарка и радио водителка, ја изгуби битката со ракот. Таа почина денеска на 61-годишна возраст во својот дом во Белград.
Дивна пред три години била хоспитализирана поради проблеми со дишењето и белите дробови кога почнала да кашла крв. Оттогаш почнала нејзината борба со ракот.
Дивна Карлеуша е родена во 1958 година во Словенија, а во Србија беше позната како некогашна водителка на „Радио Белград“. Таа се занимаваше со новинарство 33 години.
Инаку, Дивна Карлеуша е мајка на српската пејачка Јелена Карлеуша.