И во Париз демонстрации против петтиот мандат на претседателот на Алжир

42

Стотици демонстранти се собраа денеска на пладне во Париз за да го изразат нивното силно противење на петтиот мандат на претседателот на Алжир Абделазиз Бутефлика, кој според нив е за „нелегитимен и корумпиран систем”, јавува дописникот на МИА.

На почетокот на попладневните часови, толпата од сите возрасти продолжи да расте полека на плоштадот на Републиката во центарот на главниот град на Франција, каде што песните наизменично се менуваа со слогани те(„Бегај бегај”, „Власта убиец”, ” нема прошка, нема прошка “…) и повремени традиционални алжирски извици.

Кандидатурата за претседателските избори закажани 18 април на актуелниот шеф на државата треба да биде поднесена во следните часови, говорниците го изразуваа нивното незадоволство, повикувајќи на „владеење на правото и демократијата “. „Алжир има состанок со историја”, рече еден од нив. „Не на мандатот на срам, 20 години се доволно”, пишува на еден транспарент.

Франција е земја каде алжирската дијаспора е многу присутна, тоа до некаде може да ја објасни мобилизацијата во Париз, но и молкот на официјален Париз во однос на демонстрациите кои се случуваат деновиве во Алжир.

За многумина алжирци е незамисливо да се да има еден „мртов ” претседател за една нација од 40 милиони луѓе, која е со неверојатно богатство и живее во неверојатна сиромаштија”.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...