Ердоган: Следна цел е градот Тел Рифат

Вчера, Ердоган истакна дека Анкара е подготвена за нови воени операции во Сирија.

320

Вооружените сили на Турција наскоро ќе воспостават контрола над сирискиот град Тел Рифат, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

– Во наредните денови ќе биде воспоставена контрола над градот Тел Рифат и на тој начин ќе бидат постигнати целите на операцијата „Маслиново гранче” – посочи турскиот претседател.

Вчера, Ердоган истакна дека Анкара е подготвена за нови воени операции во Сирија.

Турција на 20 јануари ја почна  операцијата „Маслиново гранче” во реонот на Африн, насочена против сириските курдски милиции Сили за заштита на народот и Партијата за демократски сојуз, кои Анкара смета за терористички организации, поврзани со забранетата Курдска работничка партија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...