Лажна вест е дека водата од изворот Рашче е загадена, соопштија за МИА од ЈП Водовод и канализации, откако по социјалните медиуми почна да се шират гласини дека директно бил загрозен изворот.
– Лажна вест е дека водата од изворот Рашче е загадена. На локалитетот нема нешто што би истекло и директно би го загрозило изворот. Постројките кои ги третираат подземните води се чисти и во одлична состојба и истите постојано се следат од наша, а и од страна на надлежни институции – се наведува во реакцијата на јавното претпријатие.
ЈП Водовод и канализација – Скопје додава дека секојдневно врши анализи на водата на 38 локации на територијата на градот Скопје.
– Граѓаните на градот Скопје пијат најчистиста и најквалитетна вода за пиење. Инаку ширењето на лажни вести според КЗ член 288, став 1, е кривично дело за кое е предвидена казна затвор до пет години – се наведува во реакцијата на Водовод и канализации.