Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ја повикал Кина да ги укине сите царински давачки за американските земјоделски производи, бидејќи разговорите за трговија напредуваат добро.
– Ја повикав Кина веднаш да ги укине сите тарифи за нашите земјоделски производи (вклучувајќи говедско месо, свинско месо и друго) врз основа на фактот дека добро одиме со трговските разговори – рече Трамп на Твитер.
Тој додаде дека во петокот не ги подигнал царините за кинеска стока од 10 на 25 отсто, како што првично планирал, бидејќи преговорите се одвиваат добро.
-Ова е многу важно за нашите големи земјоделци – и за мене, додаде Трамп.
ФОТО: EPA / SHAWN THEW