ОПЦВ: Во нападот во Дума е користен хлорин

188

Во нападот во сирискиот град Дума, изведен во април минатата година, додека тој беше под копнтрола на екстремистите и под опсада на провладините сили, користен е хлорин, кој содржел токсични материи, соопшти денеска Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОПЦВ) .

Во тој напад беа убиени десетици цивили, а истиот беше повод за Велика Британија, Франција и САД да изведат воздушни напади.

ОПЦВ, по собраните информации, заклучува дека користената токсична материја содржела реактивен хлорин, најверојатно молекуларен хлорин.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...