Гуаидо: Повеќе од 600 офицери откажале послушност

229
foto MIA

Лидерот на венецуелската опозиција Хуан Гуаидо, кој се наоѓа во посета на Парагвај, каде бара поддршка за промена на власта во својата земја, изјави денеска дека последните денови 600 војници и откажале послушност на Владата на претседателот Николас Мадуро.

– Во следните неколку часови ќе најавиме нови протести, истакна Гуаидо на прес-конференцијата по средбата со парагвајскиот претседател Марио Абдо Бенитес.

Гуаидо нагласи дека разговарале за оружените сили на Венецуела и оти „повеќе од 600 офицери во текот на претходните денови преминале на страната на Уставот, а тоа е многу јасен процес на транзиција кон демократија“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...