Ако сакате да ослабнете, набавете го овој зачин: Ги топи килограмите со неверојатна брзина!

Најновите истражувања покажуваат дека кимот помага и во процесот на ослободување од вишокот на килограми.

1708

За овој зачин кој најверојатно веќе го имате во вашата кујна, и го користите при подготовка на тестенини и колачи, треба да знаете дека тоа и не е единствената негова намена.

Кимот, не само што е здрав, тој може да ви биде од корист и ако сте на диета. Кимот има безброј лековити својства, одличен е против надуеноста на стомакот, помага при варењето, има седативно дејство, ги намалува грчевите во стомакот, богат е со витамини од Б-групата, содржи калциум, железо, натриум, фосфор, магнезиум, калиум и селен, но најновите истражувања покажуваат дека кимот помага и во процесот на ослободување од вишокот на килограми.

Во истражувањето во кое учествувале 1.000 жени со прекумерна телесна тежина, научниците дошле до заклучок дека оние кои секој ден консумирале една мала лажичка мелен ким, дури три пати побрзо губеле на тежина од оние кои биле исто така на диета, но не го консумирале тој зачин.

Сите жени во текот на истражувањето го намалиле внeсот на калории за 500 и ги следеле советите за здрава исхрана. Меѓутоа, половина од испитаниците секојдневно јаделе по три грама ким во прав измешан во немасен и незасладен јогурт.

По три месеца, групата која консумирала ким имала и подобри резултати. Во просек, тие изгубиле по 2 килограми повеќе од жените кои не консумирале ким. Освен тоа, за дури 14 отсто им бил намален уделот на мастите во телото.

Стручњаците откриваат дека кимот, исто така, помага за значајно да се намали нивото на лошиот холестерол. Научниците овој ефект го објаснуваат со тоа што кимот содржи фитосфероли, кои имаат способност за апсорпција на холестеролот, а содржи и материи кои го забрзуваат метаболизмот.

Инаку, кимот се смета за еден од најстарите зачински билки, неговите остатоци се пронајдени дури и во фараонските гробници. Се верувало дека има својство на афродизијак, па древниот арапски афродизијак бил подготвуван од мед, црн пипер и ким, а за природниот лек против заборавање се сметала комбинацијата од мед и ким.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...