Папата Франциско денеска ги повика младите луѓе да продолжат да го креваат гласот и да не дозволат постарите генерации да ги натераат да молчат или да им го успијат идеализмот.
Изјавата на папата доаѓа ова еден ден откако стотици илјади американски млади и нивни поддржувачи одговорија на повикот на преживеаните од масакрот во гимназија во Флорида минатиот месец и се вклучија во протестите низ целата земја, барајќи построги закони за оружјето.
Папата ги повика младите луѓе да не дозволат да бидат манипулирани.
– Отсекогаш постоело искушението да се натераат младите да молчат. Секогаш имало начини да се натераат младите да молчат и да бидат невидливи,, да се кротки, да не поставуваат прашања и да не се сомневаат во ништо – рече папата.
„Драги млади луѓе, вие ја имате способноста да го кренете гласот. Бидете како луѓето кои го поздравиле Исус со палмови гранчиња, а не како оние кои само неколку дена подоцна викаа „Распни го”, порача поглаварот на Римокатоличката црква.