Хрватската пејачка Северина Којиќ (46) се појавила на премиерата на првата хрватска комедија од иднината „Последниот Србин во Хрватска“ во придружба на својот сопруг, Игор Којиќ (31).
Сопружниците инаку имаат помали улоги во филмот, односно Северина глуми италијанска активистка која е загрижена за човековите права на зомбијата, а Игор се појавува како зомби. Нејзиниот менаџер Томислав Петровиќ, исто така, глуми вонземјанин.
– Ова според мене е еден од најдобрите домашни филмови во последните 10 години, мене многу ми се допаѓа. Сите ликови се одлични, ја сакам актерката Христина Поповиќ – рекла Северина. Пејачката попатно ги загрижила фановите со изгледот, па коментираат дека изгледа „како да ѝ попуштил ботоксот на лицето“.
Северина никогаш не зборувала за своите пластични операции. Своевремено признала дека го оперирала носот, како што рекла, девијација на септумот. Се ширеле гласини и дека славната пејачка се подложила на операции за затегнување на очните капаци.
Северина за премиерата на филмот облекла розов фустан од дизајнерката Александра Рич, која чинела вртоглави 2.156 евра, а истата ја носела и за дочекот на Нова година, на плажа на Малдивите.
Фото: Инстаграм/Принтскрин
Фото: Индекс.хр/Принтскрин