Тевдовски: Дел од граѓаните живеат само од плата и затоа таа мора да расте

Тој дополни дека веќе се прават привичните анализи за висината на растот на минималната плата и доколку се дојде до одреден износ јавноста ќе биде информирана.  

1110

Бизнисите се важни, но платите мора да растат, изјави денеска министерот за финансии Драган Тевдовски коментирајќи ги изјавите на бизнисмените дека ќе ги затвораат фирмите ако се зголеми минималната плата за 1.000 денари.

– Важно е платите да растат бидејќи најголем број на граѓаните живеат од плата немаат дополнителни приходи. Од првото зголемување на минималната плата во септември 2017 година нема намалување на вработеноста, туку таа растеше посебно во некои сектори – рече Тевдовски.

Тој дополни дека веќе се прават привичните анализи за висината на растот на минималната плата и доколку се дојде до одреден износ јавноста ќе биде информирана.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...