Рами Малек по Оскарот ќе го игра негативецот во новиот „Бонд“

Актерот во јануари изјави дека „би било убаво да игра негативец“, и дека тоа би била „улога од соништата“ за него.

207
ФОТО: EPA / TEREKAH NAJUWAN / AMPAS / HANDOU

Рами Малек, неодамна награден со Оскар за улогата во „Боемска рапсодија“, според последните вести, е главниот фаворит да го одигра негативецот во новиот филм за Џемс Бонд, кој воедно ќе биде и последниот со британскиот актер Даниел Крег во популарната улога.

Според пишувањето на магазинот „Колидер“, Малек го „исчистил распоредот“ за снимањето, додека останатите детали сè уште не се потврдени. Актерот во јануари изјави дека „би било убаво да игра негативец“, и дека тоа би била „улога од соништата“ за него.

Работниот назив на 25. по ред филм за најпознатиот таен агент Џејмс Бонд ќе биде „Shatterhand“, а снимањето почнува во април.

Почетокот на продукцијата и датумот на премиерата се повеќепати поместувани, поради што режисерот Дени Бојл го напуштил проектот поради „креативни разлики“ минатата година. Него го заменил Кари Фукунага, познат по работењето на популарната серија „Вистинскиот детектив“.

ФОТО: EPA/TEREKAH NAJUWAN/AMPAS/HANDOU

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...