Близу 39 милиони евра негарантиран долг на државните компании ќе влезе во јавниот долг

Со ова, како што информира на денешната средба со новинарите министерот за финансии Драган Тевдовски јавниот долг ќе се зголеми за околу 0,3 отсто.

265

И долгови на јавните претпијатија и трговските друштва во државна соспственост кај банките за кои не гарантира државата ќе влезат во пресметката на јавниот долг. Ова го содржат измените на законот за јавен долг кој е во собраниска процедура.

Со ова, како што информира на денешната средба со новинарите министерот за финансии Драган Тевдовски јавниот долг ќе се зголеми за околу 0,3 отсто.

– Се проценува дека со негарантираниот долг, јавниот долг ќе порасне за 39 милиони евра, односно за 0,3 отсто од домашниот бруто производ (БДП) – рече Тевдовски.

Покрај негарантироаниот долг во законското решение се враќа во практиката самостојно да се подготвува и стратегијата за јавен долг што е практика кај сите земји и забелешка од меѓународните институции. Кај нас во изминатиот период оваа стратегија беше вметната во фискалната стратегија.

Министерот оцени дека јавниот долг последните две години се стабилизира покрај другото и како реузлтатот на каматите кои се значително намалени.

– Ако на почетокот на 2016 година каматата за 12-месечни записи без девизна клаузула изнесувала 2,6 отсто, на почетокот на 2017  е 2,1 отсто, сега таа е намалена на 0,8 отсто. Издејствуваме најниска каматна стапка од 2,75 отсто за еврообврзницата од 2018 година, додека претходните еврообврзници имале камати во распон од четири отсто до 10 проценти – наведе Тевдовски.

Тој додаде дека практиката на зголемена рочност и намалениот број на аукциите на државните хартии од вредност го прави долгот полесен за сервисирање.

Како најважни приоритети на Министерството за финансии во однос на јавниот долг Тевдовски ги истакна останувањето на јавниот долг под контрола и пониска каматна стапка за издавањето хартии од вредност.

Тевдовски рече дека со ставањето на државните хартии од вредност да котираат на берзата се подобрила и довербата кај инвеститорите, посебно странските.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...