Ќерката на Мајкл Џексон во љубов со манекенката Кара Делавињ

454

Ќерката на починатиот крал на попот Мајкл Џексон, Парис (19) и британската манекенка Кара Делавињ (25) се видени како се бакнуваат во текот на вечерта во Лос Анџелес, пишува „Дејли мејл“.

Гласините за нивната врска кружат од ноември лани кога беа видени како се држат за раце надвор од лондонски ноќен клуб, а сега се чини ги потвдија.

 

Кара и Парис биле во друштво на нејзиниот кум, актерот Меколи Калкин и неговата девојка, актерката Бренда Сонг. Четворката го посетила ресторанот „Карлитос“, а Парис и Кара на крајот на вечерата танцувале на улицата пред ресторанот. По неколку пируети, двете девојки се бакнале. Кара дури извесно време седела во скутот на Парис додека разговарале со Меколи и Бренда.

Ова изглегување само долева масло на оганот на гласините дека тие двете се во врска. Во понеделникот објавиле на социјалните мрежи фотографија од нивното дружење пред телевизијата.

– Нема сомнеж дека помеѓу нив постои некоја искра. Убаво си поминаа на доделувањето на Ем-ти-ви филмските и телвизиските награди (кои се одржаа во Лос Анџелес во мај лани) и оттогаш се дружат. Кара е воодушевена од фактот дека Парис е ќерка на еден од нејзините музички хероии – рекол извор за „Сан“ минатиот месец.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...