За здравјето на тироидата пожелни се следните хранливи материи:
1. Селен – се наоѓа во печурките, морските ракови, бакаларот, туната, телешкиот црн дроб, бразилските ореви, семките на сончогледот, житарките од цело зрно.
2. Цинк – се содржи во телешкиот црн дроб, црвеното месо, шампињоните, спанаќот, тиквичите.
3. Железо – природни извори се црвеното место, телешкиот црн дроб, рибата, јајцата, јаткастите плодови, семките од тиква, спанаќот, блитвата, зелката…
4. Калциум – го има во зелениот лиснат зеленчук, брокулата, млекото и млечните производи, сардината , лососот, школките, овесот, мешунките, јаткастите плодови.
5. Витамин Е – се наоѓа во ладно пресуваните растителни масла, пченицата, оревите, бадемите, лешниците, семките од сончоглед, доматот, авокадото, зелениот лиснат зеленчук.
6. Витамин Д – иако во помала количина е присутен во некои производи ( на пр. во помрсната морска риба, јајцата и млечните производи), како основен извор на витаминот Д се препорачува умерено изложување на сонце, бидејќи притоа телото само произведува витамин Д.
7. Омега-3 масните киселини – сардина, инчуни, лосос, туна, алги, ленено и маслиново масло, ореви.
8. Пробиотици или т.н. добри бактерии, кои природно се наоѓаат во кефирот и во другите видови ферментирани производи.