„За неа“ тематска изложба во Чифте амам

136

Националната галерија на Македонија по повод 8-ми март – Меѓународниот ден на жената, во Чифте амам на 7 март ја поставува тематската изложба од својата колекција „За неа“.

Со почит кон светскиот ден на одбележувањето на борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност, на изложбата ќе бидат претставени дела на уметниците низ чија призма на гледање е претставена жената во сета своја убавина како мајка, идеал, борец, инспирација, љубовница, посакување…

Во колекцијата се застапени дела на македонските автори (Лазар Личеноски, Никола Мартиноски, Димо Тодоровски, Борко Лазески, Петар Мазев…), но и помладата генерација (Рубенс Корубин, Ацо Станкоски, Тодорче Атанасов и др.) како и дела од автори од бившите југословенски простори (Влахо Буковац, Тома Росандиќ, Иван Мештровиќ…), каде девојката, жената, мајката се инспирација во нивното творештво.

Изложбата е проект од програмата на НГМ за 2019 год., поддржана од Министерството за култура, ќе бидат изложени околу 70 експонати, ќе ја отвори Ана Мартиноска, професорка по културолошки студии на Институтот за македонска литература, куратор  Горанчо Ѓоргиевски. Oваа поставка ќе можете да ја погледнете до крајот на месец март.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...