Холивудските ѕвезди маршираа против оружјето и масовните пукања

518

Лути и бесни поради зачестените пукања во училиштата и минатомесечниот масакр во Паркланд, стотици илјадници Американци излегоа во саботата на улиците да протестираат против огненото оружје, наречено „Марш за нашите животи“, а меѓу насобраните беше и деветгодишната ќерка на Мартин Лутер Кинг.

Тие бараат построга контрола на употребата на оружје во САД, а слични собири се одржаа и во Њујорк, Лос Анџелес и стотици други американски градови.

Во Вашингтон река од луѓе ги преплавија улиците помеѓу Белата куќа и Капитолот. Се очекуваше половина милион млади и возрасни, а собирот се одржа под мотото „Никогаш повеќе“.

Славните личности ширум САД излегоа на улиците, за да го поддржат протестот „Марш за нашите животи“, кој за цел има да се спречи насилството, пукањето со огнено оружје и масовните убиства. Демонстрациите беа закажани откако во средното училиште во Паркланд, Флорида, беа убиени 17 лица.

Непосредно пред одржувањето на протестите, ѕвездите меѓу кои Мајли Сајрус, Опра Винфри, Џорџ и Амал Клуни, Аријана Гранде, Шер и Тејлор Свифт ја поддржаа акцијата, финансиски, но и со кревање на свеста во јавноста. Џорџ Клуни, Опра Винфри и Стивен Спилберг дадоа по 500.000 долари како поддршка на „Маршот за нашите животи“

Амал и Џорџ Клуни им се придружија на протестантите во Вашингтон, каде што беа и пејачките Деми Ловато, Аријана Гранде и Мајли Сајрус, кои поддршка пружија и со изведување на сопствените песни. Меѓу толпата од луѓе на различни локации на митинзите во саботата можеа да се видат Пол Мекартни и неговата сопруга кои носеа маици со натписот „Ние можеме да ставиме крај на насилството со оружје“, Стивен Спилберг, Селена Гомез, Шарлиз Терон со нејзината мајка, Кендал Џенер, Хајли Болдвин, Ким Кардашијан, Кање Вест…

Меѓу славните кои ги поддржуваат средношколците во Паркланд, се и Џенифер Хадсон, Џастин Тимберлејк, Наоми Кемпбел, Џастин Бибер и други кои и по пат на социјалните мрежи со денови претходно апелираа и го поддржуваат протестот.
Тинејџерите во цела Америка организираат протести уште од 14 февруари.

Училишните установи во изминатите две децении беа местата каде се случија најголем број од вооружените напади. Според статистката, од 1999 година, до денес, во САД од огнено оружје загинале околу 26.000 деца и млади.

Според организаторите митингот под мотото „Марш за нашите животи“, може да стане решавачки во донесувањето на закони за засилена контрола на употребата и ширењето на оружјето во САД.

Славните личности се надеваат дека на овој начин дополнително ќе влијаат на владата да ги поостри законите кога е во прашање продажбата на оружјето, за еднаш засекогаш да се застане на патот на масовните убивања по училиштата и факултетите ширум Америка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...