Гуаидо, по состанокот со бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, пред новинарите изјави дека без дискусија за изборите нема да има разговори со венецуелскиот претседател Николас Мадуро.
Од друга страна, Болсонаро рече дека Гуаидо е надежта за враќање на „слободна, демократска и просперитетна Венецуела”.
Марио Абдо, претседател на Парагвај, потврди на Твитер дека Гуаидо утре ќе допатува во посета на неговата земја.