Во наредниот период од пет години наградата Букер ќе биде спонзорирана од Фондацијата „Кранкстарт“, основана од Мајкл Мориц и Хариет Хејман, брачна двојка и инвеститори од Силиконската долина, објави денеска „Блумберг“.
Букер (Ман Букер награда) е една од најпрестижните награди во областа на литературата во светот.
Според договорот за спознорство, „Кранкстарт“ ќе ја финансира меѓународната награда Букер за најдобар роман на англиски јазик издаден во Велика Британија и Ирска. Висината на наградата е 55 илјади фунти (66 илјади долари). Фондацијата, исто така, ќе ја поддржи меѓународната награда за најдобро преведено книжевно дело.
Досегашниот спонзор, хеџ-фондот „Ман Груп ПЛЦ“, кој 18 години ја финансираше Букер, неодамна објави дека ја прекинува соработката. Причина за тоа е изјавата на британскиот писател Себастијан Фолкс кој ја нарече „Ман Груп“ „непријател“ бидејќи раководителите на компанијата „не припаѓаат во таа група на луѓе кои треба да помагаат литературна награда“.
Мориц е британски инвеститор и според „Форбс“ се наоѓа на 232 место на листата на најбогати луѓе во САД. Според изданието, тој поседува имот во износ од 3,4 милијарди долари. Неговата сопруга Хариет Хејман е писателка и поранешна новинарка во „Њујорк Тајмс“.
Фондацијата „Кранкстарт“ е основана во 2000 година и нејзината основна мисија е поддршка за студентите од семејства со мали плати. Фондацијата е исто така спознор на Американскиот сојуз за граѓански слободи