Едвард Никсон, најмладиот брат на поранешниот американски претседател Ричард Никсон, кој цврсто го бранеше наследството на својот брат во Белата куќа, почина вчера на 88-годишна возраст.
Фондацијата „Ричард Никсон“ соопшти дека Едвард починал во дом за старци во местото Ботел, во сојузната држава Вашингтон, во близина на Сиетл.
Геологот и поморски ветеран, Едвард Никсон работел на претседателските кампањи на неговиот брат во 1968 и 1972 година и бил потпретседател на тимот за реизбор на Никсон во 1972 година.
Фондацијата соопшти дека ќерките на Ричард Никсон, Трисија Никсон Кокс и Џули Никсон Ајзенхауер, го нарекувале нивниот чичко „столб на семејството” откако поранешниот претседател почина во 1994 година.