Сто деведесеттиот милионер на Државната видеолотарија е Мaрјан Силјаноски од Брвеница. Тој го освои најпосакуваниот Милионер џек пот на Државната видеолотарија вреден 1.611.875 денари. Добивката е освоена „Клуб спорт 77 евротип“, во Брвеница на 26 февруари.
Силјаноски е четвртиот добитник од Брвеница. Со парите од добивката Марјан посакува да си купи стан, но уште ништо не прецизирал.
Во февруари, осумте добитници на Милионер џек пот освоија вкупно 12.125.093 денари.
Државната видеолотарија на РМ ги стартуваше Џек пот добивките на први јуни 2016 година. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. Досега под мотото „Играј за забава“, освоени се 190 Милионер џек пот добивки во вкупен износ од 283.073.967 денари. Покрај нив, освоени се и 32.090 Мини џек пот добивки во вкупен износ од 188.993.827 денари. Мини џек пот добивките се во вредност од 4.000 до 5.000 денари, додека најпосакуваната Милионер џек пот добивка е вредна од 1.200.000 до 1.800.000 денари.