Куси женски летни панталончиња, со додаден џеб со повеќе прегради што заменуваат цела една чанта, е новиот Твитер хит кој досега има над 43.000 споделувања.
– Мајка ми ги направи!, напиша твитерџиката Лиз Никол од Флорида која прва ги претстави кусите панталони на интернет.
Од новиот џеб на расклопување посебно се одушевени љубителките на фестивали и концерти, оти просто зафаќа многу помал простор од чанта и е попрактичен во секоја смисла.
По објавата на Лиз, бројот на нарачките на панталони со ваков моден додаток постојано расте.