Загрепчанецот Таљат Селмани периодов стана хит во цела Хрватска со неговите совети за здрав, безгрижен и долг живот, а се чини, не е единствен повозрасен човек кој и во поодминати години претпочита квалитетен и здрав начин на живот.
Порталот „Индекс“ објави видео за загрепските пензионерки Марија Михаљевиќ и Марта Келава, штитенички на Домот за стари лица „Максимир“, кои редовно вежбаат во блискиот парк.