Во соопштението од Сината куќа се наведува дека Трамп и Ким постигнале „значителен напредок кога и да било досега“ и оти желбата на американскиот претседател да го продолжи дијалогот ги интензивира шансите за одржување на нов состанок.
Вториот самит на Трамп и Ким денеска беше прекина,т без да се постигне договор. Според американскиот претседател не е постигнат договор бидејќи Северна Кореја барала целосно укинување на санкциите во замена за затворање на нуклеарната постројка Јонгбјон.
Трамп по средбата изјави дека нема да има трета средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.
Трамп на прашањето дали почнале да планираат следна средба, одговори: „Не, не сме… ќе видиме дали воопшто ќе има“.
Американскиот претседател наведе дека не е постигнат договор бидејќи тој одбил да ги укине санкциите кон Северна Кореја.
– Беше поради санкциите. Санкциите не може целосно да бидат укинати, ние не можеме да го направиме тоа, посочи Трамп.
Тој додаде дека САД нема целосно да ги укинат санкциите кон Северна Кореја бидејќи Ким одбил да прекине нуклеарните проби.
– Тој изјави дека ќе тестира ракети и ќе прави што сака со нуклеарната енергија, посочи Трамп.