Театарот на Теразије од Белград со мјузиклот Зона Замфирова ќе гостува на 3 март, недела, во 19 часот, во Македонскиот народен театар.
Мјузиклот е направен по делото на Стеван Сремац. Режисер е Кокан Младеновиќ, кој е автор и на текстот и сонговите, а композитор е Марко Грубиќ.
Со мјузиклот ќе диригира Милан Недељковиќ. Во улогата на Зона ќе настапи Ивана Поповиќ.
Сценската и костимската опрема е реализирана во работилниците во Позориште на Теразијама.
Билетите се пуштени во продажба онлајн https://mnt.mk/online/index.
Цените на билетот се: партер – 1.500 денари, прва галерија – 1.200 ден., втора галерија – 1.000 ден. Онлајн билети може да се купат исклучиво во партер по цена од 1.500 ден.