Столтенберг во Бугарија

82
ФОТО: EPA/STEPHANIE LECOCQ
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, вечерва ќе допатува во дводневна посета на Софија, на покана на бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Како што јави БГНЕС, Борисов и Столтенберг ќе имаат работна вечера на која ќе разговараат за соработката во сферата на безбедноста и одбраната и за стабилноста на регионот на Западен Балкан.

Официјалниот дел од посетата почнува утре со разговор меѓу Борисов и Столтенберг во четири очи, по што ќе се одржи средба на двете делегации.

Во состав на бугарската делегација на средбата ќе бидат и министрите на одбрана и за надворешни работи Красимир Каракачанов и Екатерина Захариева, додека Столтенберг ќе биде придружуван од помошникот генерален секретар за планирање и одбранбена политика Патрик Тарнер и од првиот заменик-директор на неговиот Кабинет, Лоренц Мајер Минеман.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...