Тахири: Таксата е единствената која ја блокира идејата за промена на границата

116
Поранешната косовска минисерка за дијалогот со Белград, Едита Тахири, ја поддржува Владата на Рамуш Харадинај во намерата да ја задржи такста на увозот од Србија и Босна и Херцеговина, како „единствен инструмент кој ги спречува идеите за промена на границите“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Тахири во интервју за „Епока е Ре“ вели дека таксата не треба да се укине сѐ додека Собранието на Косово не усвои платформа која ќе ги постави црвените линии на дијалогот Косово-Србија.

– Владата на Косово и самиот премиер Харадинај треба да ја задржат таксата на српските производи, бидејќи таксата сега засега е единствен инструмент кој ги спречува идеите за промена на границите. Со оглед дека Собранието сѐ уште не успеа да усвои платформа со црвени линии кои ќе ги заштитат косовските граници, суверенитетот и неависноста, таксата е единствениот механизам за спречување на дијалогот, изјави поранешната главна косовска преговарачка во дијалогот со Србија.

Таа е уверена дека непочитувањето на барањето на Вашингтон за укинување на таксата нема да влијае на стратешките односи меѓу Косово и Америка.

– Стратешките и пријателски односи со Америка не се поедноставени на една димензија како што е таксата. Стратешките односи Косово-САД се изградени пред 30 години, уште во 1990. Тие својата основа ја имаат во цврсти вредности, како што е американската заштита и поддршка на независноста на Косово и на границите на Косово, изјави Тахири.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...