Ким: Немаше да дојдам во Ханој ако не сакав денуклеаризација

73

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун изјави дека не би учествувал на втората средба на врвот со претседателот на САД, Доналд Трамп во Ханој, доколку не сака да го исполни ветувањето за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров дадено на нивниот прв самит во Сингапур минатата година.

– Ако не сакав, сега немаше да сум тука – изјави Ким денеска во Ханој одговарајќи на прашање на американски новинар „дали сака денуклеаризација“.

Трамп, од своја страна, нагласи дека отворањето на американско дипломатско претставнишптво во Северна Кореја е „добра идеја“, додека Ким додаде дека би „поздравил таков чекор“.

Ким беше запрашан и дали лидерите зборувале за човековите права, но Трамп одговори место него дека зборувавле за се.

Ваквите изјави Трамп и Ким ги дадоа по нивната средба во проширен состав на која учествуваа и американскиот државен секретар Мајк Помпео и советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Болтон.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...