„Можности за доуредување на новиот Закон за јавни набавки и прашања од интерес на компаниите“ е тема на инфо сесијата која ќе се одржи во Стопанската комора.
Настанот е дел од активностите на проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“. Најавено е присуство на домашни експерти кои ќе ги презентираат новините на новиот Закон за јавни набавки и тоа за напуштањето на концептот најниска цена и електронска аукција, објавувањето на плановите за јавни набавки, како и можноста за директни плаќања на подизведувачите, како и дали истите ќе бидат доволни за надминување на досегашните проблеми во однос на јавните набавки.
Новиот Закон за јавни набавки ќе започне да се применува од 1 април 2019 година.