Пакистан бара поголема улога на САД во судирот со Индија

30

Амбасадор на Пакистан во Вашингтон Асад Кан побара поголема улога на САД во намалување на тензиите меѓу Индија и Пакистан.

– Сакаме да видиме поголема вмешаност на САД – рече Кан.

Пред Индија и Пакистан, две нуклеарни сили кои од вторникот се на „воена нога“, сега стои предизвик да спречат ескалација на судирот пред работите да излезат од контрола, коментираат светските агенции.

Досега не е забележано двете земји, кои поседуваат атомски бомби, да извршуваат воздушни напади на територијата на другата.

– Се наоѓаме во непознати води – изјави за Би-Би-Си амбасадорот кој бил и советник на тројца пакистански премиери.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...