ЕЛЕМ продаде вишоци електрична енергија за 429.763 евра

Продадената електричната енергија е за периодот 4 – 10 март 2019 година.

70

АД Електрани на Македонија соопшти дека продаде 9.600 мегаватчасови вишок електрична енергија за 429.763 евра.

Продадената електричната енергија е за периодот 4 – 10 март 2019 година.

Како што соопшти ЕЛЕМ, просечната цена постигната на аукцијата вчера изнесувала 44,77 евра за мегават час, а на Унгарската берза на електрична енергија цената за базна енергија за тој период изнесува 44,48 евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...