Татковците не ги „чуваат“ децата, тие се родители!

Зборовите се важни, а сметаме дека ако се каже дека татковците само ги „чуваат“ своите деца, тоа само го поттикнува уверувањето дека се татковците на второ место, и дека грижата за децата е примарно работа на мајката“, порачуваат од организацијата National At-Home Dad Network

355

Кој го чува вашето бебе? Вашиот сопруг? Веројатно секоја мајка ја слушнала оваа реченица кога била некаде сама, без бебето. Но, татковците не ги „чуваат“ децата, татковците се татковци. Никој нема да ја праша жената дали ги чува своите деца затоа што знаат дека е таа нивна мајка и дека се грижи за нив.

Заради ваквиот однос кон татковците, организацијата National At-Home Dad Network направила маици на кои пишува„Татковците не чуваат деца. Тоа се вика родителство“ и „Мојот татко не ме чува. Тоа се вика родителство“а нивната акција се проширила низ интернет кадешто добиваат поддршка од сите татковци, но и од мајките.

Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...