Алехандро Гонзалез Ијариту претседател на жирито на 72-от Кански филмски фестивал

76
ФОТО: EPA / PAUL BUCK

Мексиканскиот режисер Алехандро Гонзалез Ијариту, кој меѓу другите е автор на филмовите „Повратникот“ или „Бирдман“, ќе претседава со жирито на 72-от Кански филмски фестивал, што ќе се одржи од 14 до 25 мај, соопшти денеска организаторот на Фестивалот.

Како што јави дописникот на МИА, со изборот еден мексикански уметник првпат да претседава со жирито, Фестивалот има намера да ги прослави „целокупниот мексикански филм” и го става во прв план режисерот, кој беше особено познат во Кан со првата инсталација во виртуелната реалност која се најде во официјалната селекција.

Тој ја наследи Кејт Бланшет, чие жири му ја додели „Златната палма” за „Семејна афера“ на Јапонецот Хирокаку Коре-еда.

ФОТО: EPA / PAUL BUCK

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...