Подготвителни курсеви за баби и дедовци

Дедовците и бабите би требало да уживаат во своите должности, но во никој случај не смеат да се однесуваат како да им се тие родители на своите внуци. Важно е немешањето во воспитувањето и да им се дозволи на младите родители самите да одлучуваат

207

Пред осум години Детлеф Унтерман (66) станал дедо. Направил посебна соба за внукот – во својата канцеларија, во својата куќа и во својот живот, сакајќи, заедно со сопругата да му бидат на располагање на детето од првиот ден.

Семејниот склад помеѓу дедовците и бабите, нивните деца и внуците не се подразбира, тврди Андреа Хаген-Херпај, советничка во германското здружение на бабици (DHV).

Често младите родители ги гушат очекувањата на бабите и дедовците, а често мораат и да ги одбиваат нивните несакани совети“, вели Хаген-Херпај и додава дека желбата на бабите и дедовците за активно учество во животите на внуците е релативно нова појава.

Денеска луѓето стануваат дедовци и баби со просечно 55 години“, вели Ескарт Хамер, професор по социјална геронтологија на Протестантскиот универзитет за применети науки во германскиот Лудвисбург.

Значи, им преостануваат најмалку 20 квалитетни години за уживање со внуците и за соживот со нив“.

Но мораат да бидат свесни дека притоа, со својата грижа и со мешањето во животот на младите родители, не смеат да претераат, рекла таа.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...