Црна Гора летово го отвора своето ново Ананти Ресорт, Резиденсес енд Бич Клаб одморалиште, сместено на само 10 минути возење од Будва.
Луксузниот хотел има и комплекс од осум вили и своја приватна плажа. Објектите, пак, имаат по три до четири спални соби од околу 500 квадратни метри, базен и широк поглед кон Јадранското Море.
Апартманите, вкупно 14, се со површина до 114 квадратни метри. Дизајниран да ја нагласи убавината на природното опкружување и со ентериер инспириран од сето тоа, овој спектакуларен хотел ќе биде во совршена хармонија со околниот пејзаж.
Гостите ќе можат да уживаат и во приватни спа-бањи, вежбалници, џакузи, неколку соби за релаксација, тераси за ручек и скара…
Апартманите ќе чинат 440 долари за една вечер, а приватните вили – 1.600 долари.