Нов милионер на Државната видеолотарија е Миле Тодоровски од Новаци. Тој го освои најпосакуваниот Милионер Џек пот на Државната видеолотарија вреден 1.590.614 денари. Милионер Џек пот добивката е освоена во клубот „Спорт 77 Евротип“ во Новаци.
Тодоровски е татко на четири деца. Тој во друштво на својот пријател ја посети Државната видеолотарија во Скопје, за да го подигне Милионер Џек пот чекот на добитниот износ. Со вработените ја сподели неговата среќна приказна. Често знае да се забавува, играјќи на видеолотариските терминали. Затоа и добивките му се насмевнуваат често.
Среќниот ден, 23.02.2019 веќе освоил мал Џек пот, па одлучил да продолжи да се забавува. Единствената промена која ја направил, била локацијата каде се забавувал.
Тодоровски вели дека нема прецизен план како ќе ги потроши освоените пари од добивката. Не сака да се оптоварува со тоа. Задоволен е и среќен, па и во иднина, ќе продолжи да се забавува на видеолотариските терминали на Државната видеолотарија на Република Македонија.
Џек пот добивките, Државна Видеолотарија на РМ ги стартуваше на први јуни 2016. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. Досега под мотото „Играј за забава“, освоени се 190 Милионер Џек пот добивки во вкупен износ од 283.073.967 денари. Покрај нив, освоени се и 32.028 Мини Џек пот добивки во вкупен износ од 188.711.488 денари. Мини Џек пот добивките се во вредност од 4 илјади до 5.000 денари, додека најпосакуваната Милионер Џек пот добивка е вредна од 1.200.000 до 1.800.000 денари.