Еден од најпознатите светски инвеститори и мијардери Ворен Бафет предвидува дека на светот му претстои голема катастрофа: ураган, земјотрес или хакерски напад, пренесе Бизнис Инсајдер.
Тој во писмо до вработените вели дека катастрофа би можела да се случи уште утре или за неколку децении, но едно е сигурно – таа е неизбежна.
– Кога ќе дојде до таква „мегакатастрофа”, ќе претрпиме големи загуби. Многу големи- вели во писмото Бафет.
Но, тој како и секогаш има план.
– За разлика од многу други осигурителни компании, ние веќе следниот ден ќе гледаме да го надоградиме нашето работење- вели Бафет.