„Економист“ предупредува на голема криза во земјите во развој

575

Неделникот „Економист“ денеска објави извештај за тоа какви ризици има по развојот на светската еконоија во 2019 и предвидува намален раст до 2.6 отсто во 2020 година.

Трите најголеми ризици се крајно разгорена трговска војна меѓу САД и Кина, можна рецесија во САД поради корпоративниот долг и голема криза во економиите на земјите во развој. Авторите на извештајот истакнуваат дека заедно со трговската војна, во светот годинава може да започне и технолошка трговска војна.

Останати ризици се одложената криза во Кина, наглиот скок на цената на нафтата и банкарската криза во Италија. Покрај тоа, светската економија е загрозена од Брегзит, можен воен конфликт на Корејскиот Полуостров, крупни кибер напади и воени судири поради територијални спорови.

Можното воведување царини за увоз на автомобилски делови и автомобили во САД од страна на претседателот Доналд Трамп може да влијае негативно на светската економија, укажа рејтинг агенцијата „Мудис“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...